ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар Неготино и Драчево во борба за Суперлига, ФТЦ по историски успех

Денес ќе се одржи финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Екипата на Вајперс Кристијансад, која е актуелен бранител на титулата, силите во финалето ќе ги одмери со Ференцварош.

Норвешкиот тим во полуфиналето за нијанса беше подобар од Ѓер, додека Ференцварош во драматичен финиш славеше против незгодниот состав на Есбјерг.

За бронзата, односно за трето место на завршницата кај дамите ќе се борат Ѓер и Есбјерг.

Овој натпревар е закажан за 15:00 часот, а за три часа подоцна (18:00 часот) е закажано големото финале, на кое се очекува Ференцварош да има голема поддршка.

Во Македонија ќе се игра суперлигашкиот бараж дуел меѓу Вардар Неготино и Драчево.

Освен во Лигата на шампионите, интересни дуели ќе има во Бундес лигата и шампионатот на Данска.

На дел од денешните натпревари ќе настапат неколку македонски интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:30 КАСТАМОНУ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)

14:00 ФРЕДЕРИЦИЈА – СКЈЕРН (ДАНСКА)

14:00 ЦСКА МОСКВА – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)

14:00 БЕРГИШЕР – КИЛ (БУНДЕС ЛИГА)

15:15 ЃЕР – ЕСБЈЕРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

16:00 ГОГ – АЛБОРГ (ДАНСКА)

16:05 ФЛЕНСБУРГ – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)

16:05 ГЕПИНГЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС ЛИГА)

16:05 РАЈН НЕКАР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

16:05 ВЕЦЛАР – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

17:30 МОТОР – КОБУРГ (БУНДЕС ЛИГА 2)

18:00 ВАЈПЕРС – ФТЦ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)