Тимот на Голден Арт 2 славеше против Македонија Ѓорче Петров со 29-20 во натпревар од 9 коло во прволигашкиот плеј-оф.
Во првиот дел домашните имаа и плус три, но момците на Оливер Димитриоски беа упорни и се вратија во егал. На пауза Голден Арт 2 водеше со еден гол, 11-10.
На десет минути до крајот беше 20-19, по што Македонија ЃП влезе во серија грешки што беа казнети од домаќинот.
Шест гола во серија за 26-19 и тука беше решено прашањето околу победникот на овој натпревар што нема никакво влијание на табелата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Божиновски со седум и Лука Лешникоски со шест гола, додека кај гостите се истакна Максимилан Ѓиноски со девет погодоци.