Тимот на Текстилец прослави убедлива победа над велешки Борец со 50-23, во натпревар од третото коло во прволигашкиот плеј-аут.
Гостите беа во егал до 7-7, а потоа комплетно се распадна нивната игра и штипјани до паузата направија залиха од девет гола, 20-11.
Вториот дел беше само формалност, но домаќините беа расположени за игра и постигнаа дури 30 погодоци во мрежата на велешани.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Бобан Димитријев со 15 погодоци, додека седум гола даде Иван Димчевски.
Кај некогашниот првак на Македонија по пет погодоци реализираа Марко Ангелов и Леон Петров.