Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски ја продолжува битката за прво место на табелата во регуларниот дел од сезоната во Израел.
Макаби Ришон предводен од Чаневски, кој имаше 11 интервенции, освои голем бод на тешкото гостување во градското дерби кај лидерот Хапоел Ришон Ле Зион, 26-26.
Хапоел водеше по првото полувреме со 12-11, но во вториот дел тимот на Чаневски успеа да се избори за реми.
Сега Хапоел Ришон е прв на табелата со 30 бодови, Макаби Ришон е на втората позиција со 27, исто колку што има и Рамат Хашарон.
Следен предизвик за Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион ќе биде одново дерби двобојот со Рамат Хашарон на домашен терен следниот петок.