По одигрувањето на натпреварите од четвртото коло од квалификациите за ЕП 2024 година, веќе се познати уште пет учесници на континенталниот собир.
Станува збор за Австрија, Франција, Словенија, Унгарија и Португалија, кои досега остварија по четири победи во четири меча.
Македонија загуби два пати од Португалија, а второто место и билетот за ЕП ќе го потврди со две победи во април кога дома ќе играме со Турција и на гости со Луксембург.
На ЕП практично веќе се пласирани и Хрватска, Холандија, Норвешка, Србија, Чешка, Исланд, Полска, Црна Гора, Романија, Швајцарија, а на чекор да го направат тоа се Грција, Босна и Херцеговина, Италија, Украина…
Како домаќин, Германија е веќе пласирана, а Шведска, Данска и Шпанија како ТОП 3 од претходното ЕП исто така го имаат потврдено своето место на континенталниот собир.