Машката репрезентација на Македонија губи на полувремето од наптреварот против Португалија со 15:11 во дуел од четвртото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Ракометарите на Лазаров имаа одличен старт, го отворија дуелот со голот на Кузмановски, домаќинот бргу израмни на 1:1, но потоа следуваше серија од 2:0 на Македонија, која со погодоците на Јагуриновски и Костески се одлепи на ,,плус два” 3:1 во 5 минута.
Следуваше период, во кој двете селекции не можеа да дојдат до реализација. Португалија ги искористи грешките на Македонија, постигна четири гола во низа и го презеде водството победувајќи со 5:3.
Македонија речиси седум минути беше без постигнат погодок, а кризниот период во таборот на нашата селекција го прекина Јуруриновски, кој намали на 5:4. Ниту Португалија не играше на посакуваното ниво и не ги користеше шансите за да дојде до поголема предност.
По водството на домаќините, кое беше 6:4 во средината на првиот дел, македонската репрезентација заигра поангажирано и со серија од 3:0 направи пресврт, односно поведе со 7:6.
Од тој момент Македонија успеваше д аодржи резултатска контрола, но не поголема од еден гол разлика. Португалија секогаш успеваше да дојде до израмнување, па така резултатот во 23 минута беше 10:10.
Домаќините во финишот од првиот дел успеаја да го вратат водството во свои раце, повторно влегоа во ритам и направија комплетен пресврт. Ракометарите на Переира откако имаа негатива од 11:10, со серија од 5:0 се одлепија на 15:11 и со истиот реултат заминаа на пауза.