Тимот на Еурофарм Пелистер четврта година по ред е екипа на годината во изборот на Општинскиот сојуз на спортови – Битола.
Признанието за постигнувањата во претходната година го подигна директорот на клубот, Димитар Митревски.
Во изборот на десетте најдобри спортисти на градот, второто место му припадна на Ненад Костески, а четвртопласиран заврши Петар Атанасијевиќ.
Легендарниот ракометар и тренер на битолчани, Цане Крстевски доби награда за животно дело и со овации беше испратен од преполната сала на Битолскиот народен театар.