Ракометарите на Нексе имаат одлична сезона во Лигата на Европа и немаат пораз по осум одиграни кола.
Тие се на чекор до првото место во групната фаза со Гранољерс, Скјерн, Балатонфуреди, Спортинг Лисабон и Апла Хард.
Еден од најдобрите играчи во составот на Бранко Тамше е левиот бек Томислав Северец, кој запрашан од хрватските медиуми да одбере меѓу титула во Хрватска илии повторување на ланскиот успех во Европа, еве што одговори.
„Имаме само една желба. Да го симнеме Загреб од тронот во Хрватска. Тоа би било чекор напред и на сите ни е тоа сон“, вели Северец.
Минатата сезона Нексе беше дел од завршниот турнир во Лигата на Европа и го освои четвртото место по поразите од Магдебург и Висла Плоцк.