Младост го промовираше ракометот на југот – има 70 нови членови

Тимот на Младост Богданци во соработка со основните училишта во Богданци и околните села, во изминатиот период спроведе промоција на ракометот во регионот.

Таа се состоеше од презентација и демонстрација на основните елементи на ракометната игра која траеше две недели и беа опфатени околу 500 дечиња на возраст од 8 до 12 години.

Од нив 70, момчиња и девојчиња, се запишаа на тренинзи во младинските школи на клубот и веќе работат под палката на некогашниот македонски репрезентативец Митко Стоилов и останатиот стручен штаб.

Младост Богданци секогаш посветува внимание на своите младински категории кои со успех настапуваат во натпреварувањата под капата на РФМ.