Една од носителките на играта во црногорската репрезентација, Ѓурѓина Јауковиќ повторно ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, а прегледите потврдија дека се работи за сериозна повреда.
Црногорката, која настапува за Брест Бретањ, повредата ја заработи во дуел од францускиот шампионат, односно на гостувањето кај тимот на Шамбре.
Јауковиќ прво ќе мора да оди на операција, а потоа да започне долг процес на рехабилитација.
За потсетување, левиот бек на почетокот на минатата сезона ја доживеа истата повреда и мораше да паузира повеќе од една година.
Црногорката по повредата го пропушти Светското првенство во Шпанија и со новата повреда најверојатно ќе го пропушти следниот Мундијал, кој ќе се одржи во периодот од 30 ноември до 17 декември во Данска, Норвешка и Шведска.
Според црногорските медиуми, доколку рехабилитацијата биде успешна, тогаш Јауковиќ ќе може да игра на Светското првенство 2023, но тоа би било голем ризик.