ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Пролет го затвораат првото коло од плеј-офот

Откако вчера и завчера беа одиграни голем број на натпревари во сите европски купови, како и во поголемиот број на првенства низ европските земји, денеска ќе има малку натпревари на програмата.

Ракомет ќе се игра само во четири шампионати, па така на денешната програма ќе има само пет дуели, од кои еден натпревар ќе се одигра во македонската елита.

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар плеј-оф фазата ќе ја започне против тимот на Пролет. Со овој натпревар ќе биде комплетирано првото коло од разигрувањето за титулата во македонската Супер лига.

Избраниците на Владо Недановски се големи фаворити во дуелот со Пролет, кој во вториот дел од сезоната ќе биде драстично ослабен, со оглед на тоа дека дел од главните играчи си заминаа од клубот и ги засилија редовите на Вардар, односно Алкалоид.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:00 ЛУЧ – ФЕНИКС (РУСИЈА)

17:00 СТАВРОПОЛ – АГУ АДИФ (РУСИЈА)

18:00 ВАРДАР – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ШАМОТ – КОСТОЛАЦ (СРБИЈА)

20:30 СЕЛФОС – ВАЛУР (ИСЛАНД)