ДЕНЕСКА НА СП: Македонија по прва мундијалска победа!

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра првиот натпревар од Президент Купот на Светското првенство 2023.

Избраниците на Кире Лазаров откако не успеаја да ја минат групната фаза и беа поразени во трите дуели против Норвешка, Холандија и Аргентина, ќе разигруваат за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Алжир, која во групната фаза беше поразена од Србија, Катар и Германија.

На денешната програма на Светското првенство ќе бидат одиграни шест натпревари од главната фаза. Свој настап ќе имаат репрезентациите кои се наоѓаат во 3-та и 4-та група.

Холандија, која во главната фаза пренесе два бода, денес силите ќе ги одмери со репрезентација на Катар. Избраниците на Штафан Олсон доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман во четвртфиналето ќе треба да победат во дуелот со репрезентацијата од Азија.

Истата ситуација важи и за селекцијата на Србија. Избраниците на Тони Херона во вечерниот термин од 20:30 часот одат на мегдан со селекцијата на Норвешка. Србија во главната фаза влезе со два, додека Норвешка со четири бода, па доколку ракометарите на Јонас Виле триумфираат против ,,орлите”, тогаш со една нога ќе бидат во четвртфиналето.

Интересен дуел се очекува меѓу репрезентациите на САД и Бахреин, односно Норвешка и Србија.

ДЕНЕСКА НА СП:

15:30 КАТАР – ХОЛАНДИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (5.60) Х (11.0) 2 (1.20)

15:30 САД – БАХРЕИН (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (13.0) Х (18.0) 2 (1.05)

15:30 АЛЖИР – МАКЕДОНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

18:00 ЕГИПЕТ – БЕЛГИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (1.03) Х (20.0) 2 (16.0)

18:00 ГЕРМАНИЈА – АРГЕНТИНА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (1.03) Х (20.0) 2 (16.0)

18:00 МАРОКО – ТУНИС (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

20:30 ДАНСКА – ХРВАТСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефииценти 1 (1.07) Х (16.0) 2 (11.0)

20:30 НОРВЕШКА – СРБИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (1.45) Х (8.50) 2 (3.40)