Екипата на Прилеп, која ќе се бори за опстанок во македонската елита, стартуваше со подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23.
Покрај тренинзите, екипата пред продолжението на сезоната ќе одигра неколку контролни натпревари, со цел темпирање на формата за важните дуели во плеј-аут фазата.
Ростерот на играчи со кој ќе располага тренерот Реваз Чантурија, засега останува непроменет, со исклучок на заминувањето на кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиоски, кој се пресели во Германија.
Екипата до 12 февруари ќе тренира по двапати на ден, а можно е во тимот да пристигнат нови засилувања, со цел составот на Прилеп да биде поконкурентен во битката за опстанок и да го задржи суперлигашкиот статус.
Прилеп во плеј-аут фазата ќе игра со екипите на Струга, Вардар Неготино, Радовиш, Куманово, Скопје, Голден Арт и Јуниор КВ.