Репрезентацијата на Македонија со пораз го стартуваше настапот на Хеп Кроација купот во Пореч.
Домашната селекција на Хрватска во еден исклучително ефикасен натпревар беше поуспешна со резултат од 40-34.
Еден од лидерите на оваа Хрватска е секако Игор Карачиќ кој за 24Ракомет даде свое видување за натпреварот.
Драго ми е дека игравме против Македонија, нашите добри познаници, мојата втора татковина. Убаво беше, потребен натпревар за нас за да се воиграме дополнително како што треба за ова првенство натпревар да се воираме дополнитено како што треба за ова првенство, бидејќи многу ни е важен тој прв натпревар против Египет. Денеска не можеме да бидеме комплетно задоволни со некои сегменти од играта, посебно со одбраната, но еве имаме уште еден натпревар против Израел и неколку тренинзи ,каде треба да ги поставиме работите на свое место, и подготвени да го дочекаме Светското првенство.
Карачиќ смета дека во оваа подмладена Македонија е видлив трагот на работата на селекторот Лазаров, и дека во иднина овие млади момци ќе ја радуваат нацијата.
Прво што можам да кажам е дека приметив голема борбеност кај оваа екипа. Видлива е работата на Кирил Лазаров тоа е сигурно. Гледам дека тука се и Манасков, Кузмановски, има одлични голмани, одлилен пивот на линијата. Дел од искусните се простија од репрезентативниот дрес, но еве доаѓаат млади ракометари желни за победи, кои верувам дека ќе донесат нови радости за Македонија.
Која е целта на Хрватска на ова СП?
Едноставно не смееме да зборуваме за никакви цели, Хрватска на изминатите три првенства покажа дека не може да размислува за никакви цели, едноставно мора да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, и кога сме такви, желни и гладни , тогаш можеме многу да направиме. Но, пак ќе повторам не смееме нигде да брзаме, и мораме да одиме,како би рекле во Македонија , чекор по чекор.
На прашањето дали има шанси за негово враќање во Македонија, односно во Вардар, популарниот Кара кој има договор со Келце до 2025, вели:
Вардар? Па не знам, ако се поправи Вардар, ако се случи нешто, сето тоа кога ќе ми истече договорот со Киелце.
Хрватска утре е слободна, а во недела го игра својот втор натпревар во рамките на Хеп Кроација купот против Израел.