Хрватска славеше против Македонија со 40-34 во првиот натпревар од „Кроација Купот“ што се игра во Пореч.
Селекторот Хрвоје Хорват и покрај триумфот не е задоволен од играта, особено од таа во одбрана.
„Атмосферата во салата беше неверојатна, благодарност до навивачите, ова е изненадување за мене. Полната сала е дополнителен мотив за дечките да се движат во вистинскиот правец. Кога ќе го погледнам резултатот, ме боли главата, без разлика на тоа што дадовме 40 гола, ние не бевме дефанзивно добри. Заморот кај сите е голем, јасно е дека одбраната се игра со нозе, а не со раце и тука ни беше проблемот. Не бевме подвижни, на противникот му дававме да игра внатре во просторот од девет метри, но нападот беше добар, дадовме 40 гола, за тоа немам замерки. Постигнавме неколку лесни голови, но не смее да ни пати одбраната поради транзицијата. Видовме колку одбиени топки заврши кај ривалот. Не смееме да паднеме во таа замка“, изјави Хорват.
Хрватска утре е слободна, а во недела ќе се соочи со селекцијата на Израел, која пак утре игра со Македонија од 20:15 часот.