Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе бидат дел од престижниот пријателски турнир „Жолт Куп“ во Швајцарија.
Ова е 49. издание на турнирот кој секогаш се игра пред стартот на големите натпреварувања во Винтертур.
На овој турнир покрај домаќинот Швајцарија, ќе играат уште три селекции – Зеленортските Острови, Јапонија и Австрија.
Битолчаните ќе судат на три меча на овој турнир во Винтертур.
На првиот ден на 6 јануари, ќе бидат арбитри на дуелот меѓу Зеленортските Острови и Австрија, а потоа на 7 и 8 јануари ќе ги судат натпреварите Швајцарија – Зеленортски Острови и Швајцарија – Австрија.