Во составот на селекцијата на Холандија, вториот ривал на СП на Македонија, беше направени тестови на коронавирус пред пријателскиот натпревар со Франција.
Еден од ракометарите доби позитивен тест на корона, а тоа е Јорн Смитс, левиот бек на данскиот Лемвиг.
Тој прележал коронавирус пред две недели, па јасно е зошто одново има позитивен тест, а покрај него има уште тројца членови од стручниот штаб кои се позитивни.
Станува збор за асистентот на селекторот, Ваи Вонг, потоа физиотерапевтот Роберт Бардсе и тим-менаџерот Маике Вилемс.
Ниеден од нив нема симптоми, но ќе мора да бидат во изолација до следниот тест. Македонија и Холандија ќе играат во второто коло на СП, на 15 јануари од 18:00 часот.