Ракометарите на Загреб победнички се враќаат од гостувањето во Плоцк кај Висла, откако славеа победа од 30-26 (17-18). Во директен дуел за последната, шеста позиција на табелата која води во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите, Загреб осигура важни бодови. Сега „плинарите“ има бод помалку од ГОГ кој е на петтата позиција во групата А, а Плоцк останува на седмата позиција сега со три бодови помалку од хрватскиот шампион.
ППД Загреб го заврши првиот дел со гол предност, 18-17. Уште од самиот почеток гостите ја преземаа резултатската инцијатива. Одбраните на двете екипи беа на висина на задачата, па голем дел од головите беа постигнати преку брза транзиција(контра или полуконтра). Загреб по 10 минути имаше 4 голови предност (8-4), но во моментите кога домашниот голман Јаштебски беше поуспешен од Граховац и Дибиров, Висла Плоцк се враќаше во игра. Домашните ракометари на неколкупати во првиот дел го израмнија резултатот, но Кларица им донесе гол предност на Хрватите по триесет минути игра.
На почетокот на второто полувреме Плоцк го израмни резултатот и имаше неколку шанси да го преземе водството, но на трипати одбрани голманот Славиќ, па Загреб ја одржуваше минималната разлика до 11.минута. Косоротов им донесе прво водство на домашните ракометари во второто полувреме. Кратко траеше славјето на домашните ракометари бидејќи до 17. минута Загреб се врати на „плус два“.
Висла не дозволи противникот пред време да се радува на победа и бргу го израмни резултатот,но две минути беа потребни гостите да ја вратат највисоката предност. Во 53 минута Лејметер и Кларица беа исклучени, а токму периодот кога Загреб играше со четири играчи во поле го одлучи конечниот победник. Домаќините бргу постигнуваа голови, но не успеаа да со одбранат па разликата остана непроменета на четири минути до крајот. Нови главоболки за тренерот Голужа во финишот на натпреварот му создаде исклучувањето на Срна. Сепак српскиот интернационалец во дресот на „плинарите“ Додиќ имаше одлични минути и решенија во нападот на Загреб.
Висла имаше негатива и не го издржа притсокот кој го носи резултатот од овој натпревар. Косоротов се обиде со брз шут по тајм-аутот на тренерот Сабате, но стрелаше во трибините. Загреб имаше напад за плус три на 90 секунди до крајот на натпреварот. Дибиров се обиде атрактивно но ја погоди само стативата, а Загреб остана на двата гола залиха на минута до крајот. Најдобриот поединец на Плоцк, Косоротов повторно стрелаше овојпат од чиста ситуација и не постигна гол, а на спротивната страна искусниот Дибиров стави точка со два гола во низа за конечни 26-30.
Дашек ја предводеше листата на стрелци со 7 голови за Висла Плоцк, го следеше хрватското крило Михиќ со 5 и Косоротов и Перез кои постигнаа по 4 голови. Кај победничкиот тим Дибиров, Додиќ Кларица и Муса постигнаа по 4 голови.