По ужасно лошиот старт на сезоната во ЕХФ лигата на шампионите, унгарски ПИК Сегед последниве два месеци се разбуди и „врза“ неколку победи. Со последниот гостински триумф кај Елверум од 34-32 (19-14) сега ПИК Сегед ќе скокне едно место погоре на табелата, а може и плус уште едно. Во зависност од последниот меч меѓу Алборг и Кил, можно е Унгарците да бидат дури и на делба на четвртото место во А групата.
Ова е четврти триумф за ПИК Сегед во 10 натпревари, и останува во игра за осминафиналето , иако има уште четири кола за играње во февруари и март в година. Шампионот на Унгарија делумно се рехабилитираше за поразите на почетокот, па сега може да ја спаси сезоната.
Имаше домашниот тим на Елверум обиди да дојде до израмнување во текот на мечот, особено во второто полувреме, но остана само на обид. Секогаш кога Елверум ќе дојдеше на „минус 1“ гостите имаа серија од 1-2 гола и повторно резултатски ќе избегаа. Последниот сериозен обид беше во 42 минута кога намали на 23-24.
Средбата почна со водство на домашните од 5-3, а откако во 9 минута преку Тонесен гостите израмнија на 5-5 ја презедоа иницијатаивата и резултатот кој постојано беше во нивна корист. Највисокото водство ПИК Сегед го имаше на почетокот на второто полувреме кога водеше со 21-15. Потоа обидите на Елверум останаа без сериозен скок што можеше да донесе пресврт.
Кај гостите Шоштариќ и Фримел постигна апо 6 гола, а Тонесен и Бодо дадоа еден помалку. Патрик Андерсен постигна седум гола, а Тобијас Грендал шест за Елверум.