Германски Магдебург останува на третото место во А групата од ЕХФ лигата на шампионите откако го победи дански ГОГ Гудме со 36-34. Магдебург има 12 бода, еден помалку од Веспрем кој има меч помалку и ПСЖ кој е лидер со 16 бода.
Од почетокот на средбата данскиот тим покажа дека сакаат да освојат бодови во Германија, па ГОГ водеше со 5-2 во 7. минута. Магдебург полека се приближуваше резултатски, и во 19 минута го израмнија резултатот на 10-10. Тогаш домашните ракометари ја продолжија серијата на голови и во 20 минута го имаа највисокото водство дотогаш, 13-10.
Продолжи добрата игра на Магедбург чии ракометари на пауза на полувреме заминаа со предност од 21-18. Налетот на Германците беше како „фурија“ што не можеа да го следат Данците иако во средината на второто полувреме успеаја да израмната на 26-26.
До крајот на мечот иако ГОГ Гудме успеваше да дојде до „1-2“ гола разлика но не и да направи пресврт.
Кај домашните Магнусен имаше 11 гола од 14 обиди, а Кристијансон даде 8 гола. Мадсен даде 10 гола кај ГОГ, а зад него се Питлик со 9 и Јоргенсен со 8 бода.
Во следното коло Магдебург гостува кај ПСЖ додека ГОГ е домаќин на Порто.