Македонската интернационалка Ива Димитриевска, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, беше една од предводничките во победата на Звезда Логатец во словенечкиот шампионат.
Тимот на Звезда Логатец во натпревар од 6. коло од тамошниот шампионат триумфираше против екипата на Сава Крањ со осум гола разлика, 38:30.
19-годишната ракометарка од Македонија се покажа во одлично светло и дуелот против екипата од Крањ го заврши со пет постигнати погодоци.
За Звезда Логатец победата против Сава Крањ беше втор триумф во новата натпреварувачка сезона и тимот на Димитриевска со новите освоени бода ги зголеми шансите за втората позиција на табелата во најквалитетната лига во Словенија.