ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Полуфинале на ЕП, суперлигашите го отвораат 11 коло

Денеска ќе се одиграат три натпревари на Европското првенство во Љубљана. Најпрво од 15:00 часот на мегдан ќе бидат Шведска и Холандија во мечот за петтото место, кој го загуби значењето бидејќи и двете селекции ќе одат на СП. Бијдеќи Шведска е еден од домаќините, Холандија обезбеди директен пласман на Мундијалот.

Во 17:45 е првото полуфинале меѓу Данска и Црна Гора. Данскиот состав откако го загуби првиот меч од Словенија, потоа немаше проблеми во главната рунда и го доби дури и европскиот и светски првак Норвешка. Црногорките, пак, ја добија клучната битка со Романија и со само еден триумф во главната рунда обезбедија полуфинале.

Во второто полуфинале од 20:30 ќе гледаме сигурно неизвесен ракомет. Ќе се сретнат актуелниот европски и светски првак Норвешка, со селекцијата на Франција, која не покажа слабости и без пораз стигна до Љубљана.

На домашна сцена има една прволигашка средба, Шампион – Мулти Есенс, како и четири суперлигашки средби од 11 коло. Во Кавадарци, Тиквеш го чека Скопје, Радовиш ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер, а Пролет и Бутел Скопје се големи фаворити против Јуниор КВ и Вардар Неготино.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА (ЕП)

17:45 ДАНСКА – ЦРНА ГОРА (ЕП)

20:30 НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА (ЕП)

20:30 ШАМПИОН – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ЕКС – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)

20:00 ШАРТ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ИВРИ – НИМ (ФРАНЦИЈА)

20:30 СЕЛЕСТА – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)

20:30 БАРСЕЛОНА – АНАИТАСУНА (ШПАНИЈА)

18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ЈУНИОР КВ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ТИКВЕШ – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

22:00 БЕНФИКА – ГАИА (ПОРТУГАЛИЈА)

16:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – ФОЧАНИ (РОМАНИЈА)

16:30 БАКАУ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)