Репрезентативецот на Шведска, Џери Толбринг, кој моментално настапува за данскиот шампион ГОГ, од следната сезона би можел повторно да заигра во најсилната лига на светот.
Според информациите на „rthhandball“ за левото крило од Шведска интерес покажале голем број на бундеслигашки клубови, меѓу кои и Магдебург и Фуксе Берлин.
Според споменатиот медиум Толбринг најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Фуксе Берлин, бидејќи не постигнал договор со раководството на Магдебург.
Толбринг четири сезони го носеше дресот на Рајн Некар и заедно со „лисиците“ во сезона 2017/18 и 2018/19 играше во Лига на шампионите. За Рајн Некар одигра 139 натпревари и постигна 310 погодоци.
Во својата кариера настапуваше и за екипата на Кристијанштад. Дресот на ГОГ го носи од ланската сезона.