Репрезентативниот голман на Србија, Милан Бомаштар од следната сезона ќе настапува во шампионатот на Франција.
Голманот, кој има 23 години, ќе го носи дресот на француски Шарт, тим кој моментално се бори за опстанок во најквалитетното француско натпреварување.
Србинот и раководството на Шарт се договорија на тригодишна соработка, па така младиот голман ќе остане во Франција до јуни, 2026 година.
Бомаштар оваа сезона настапува за шведскиот суперлигаш Сковде. Во тимот од Шведска пристигна од редовите на Адемар Леон, откако спогодбено беше прекината соработката меѓу двете страни.
На Европското првенство во Унгарија и Словачка дебитираше за српската репрезентација, а во својата кариера го носеше дресот и на Металопластика Шабац, екипа со која учествуваше во ЕХФ Купот, како и во СЕХА лигата.