Капитенот на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ, нема да ја доигра оваа сезона во израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион.
Според „Афтонбладет“, некогашниот член на Вардар, е пред потпис со шведскиот тим Редбергслидс, кој се натпреварува во најсилната конкуренција, но не му оди најдобро и сака да се избори опстанок во елитата.
34-годишниот лев бек потекнува од Ловќен Цетиње, а има богата кариера во многу европски клубови.
Играше за белорускиот Динамо Минск, шпанскиот Портланд Сан Антонио, а шест сезони мина во Франција каде ги носеше дресовите на Тулуз, Истр, Трембле и Саран Луаре. Во Вардар го мина пролетниот дел од сезоната 2020/21.