Два лоши периоди на Струга на самиот почеток на средбата против Алкалоид беа причината за лесниот триумф на дебитантот во елитата. Средбата од 5. коло заврши со триумф на Алкалоид од 36-29 (17-13).
Двете екипи ги задржаа местата на табелата, Алкалоид е второпласиран со 12 бода, исто колку и Бутел, а Струга е на четвртото место со 7 бода, еден повеќе од Охрид.. Струга играше без Петар Бугаровиќ и Никола Стрезовски кои не беа во составот за оваа средба.
Првиот гол Струга го постигна во 3. минута а во 6. минута Алкалоид веќе водеше со 5-1. По брзото почетно водство на домаќините, гостите од Струга намалија на 5-4 во 8 минута, ама потоа следуваше период од 10 минути во кои има многу технички грешки, исклучување од 2 минути на Велко Маркоски, што домаќините успешно го искористија да зголемат на 9-4 (15 минута). Следуваа уште три минути беа голови на двете страни, а „постот“ за Струга заврши со голот на Велко Маркоски кој намали на 9-5 во 18 минута.
На секоја грешка, а ги имаше доста во играта на гостите, домашниот тим знаеше брзо да реагира и да ги реализира шансите. Во 22 минута беше 12-6 за Алкалоид, што беше најава дека тешко ќе може да се смета на бодови од Скопје. Највисоката предност домашните ја имаа во 24 минута кога зголемија на 14-7.
Но, Струга не се предаваше, па полека се обидуваше да ја стопи предност. И некако успеваше во тоа намалувајќи на 15-11, а потоа и 16-12. Со четири гола предност во корист на Алкалоид се замина на одмор на полувреме.
Алкалоид – Струга
Слично како и во првото полувреме, само што почнаа вторите 30 минути Алкалоид за пет минути реализираше четири голови, а Струга само еден, за водство 21-14. Од 37 минута почна да се растура концепцијата на гостите откако Велко Маркоски го доби третото исклучување, и црвен картон, па мораше да се пресели во публика.
По десет минути игра, Алкалоид стигна до највиоските дотогаш „плус 9“ и водство 25-16. „Десетката“ првпат се појави во резултатот во 53 минута со голот на Михаил Ивановски. Високата разлика му овозможи на домашниот тренер Лазаров да им даде шанса и на оние од клупата, па речисис сите добија можност да играат.
Најефикасен на средбата беше Мартин Серафимов од Алкалоид со 9 гола, а пет голови кај Алаклоид постигна Дарко Кофиловски. Во екипата на Струга Никола Цветковски даде 8 гола, а Петар Марковски и Богдан Ѓуровиќ по пет
Во следното коло Алкалоид игра со Вардар Неготино, а Струга е домаќин на „езерското дерби“ против Охрид.
Табела – Група А