Ракометарите на Вардар ја забележаа петтата победа во пет досега одиграни натпревари во Суперлигата, откако славеа на гости кај Охрид со 27-22.
Домашните не беа лесен залак, но македонскиот шампион во вториот дел го скрши отпорот на охриѓани и се враќа со три бода.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски, ги посакува сите победи до крајот на првенството.
„Почетокот ни беше лош. Знаевме и се подготвувавме дека ќе имаме проблеми со кружниот напаѓач на Охрид. Тоа во првиот дел не успеавме да го реализираме и да го затвориме него, но во вториот дел успеавме. Во второто полувреме игравме подобро, особено во одбраната. Така се добива натпревар, со добра одбрана и лесни голови. Серијата без пораз е значајна за нас, влегуваме на секој меч максимално. Ги сакаме сите победи до крај, така се освојуваат титули“, вели Недановски.
Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај новиот суперлигаш Куманово наредниот викенд.