Иако двата тима имаа шанса да победат, и по еден напад во последната минута, средбата меѓу Тиквеш и Пролет заврши со реми, 24-24 (14-12). Гостите се радуваа на освоениот бод, а домашните треба да жалат бидејќи во најголем дел од средбата имаа водство на моменти и со „плус 3“. На крајот се спасуваа.
Скопјани остануваа на второто место на табелата во Група Б со 11 бода, еден повеќе од Тиквеш. Двата тима се меѓу оние кои се сметаат за најсериозни кандидати за првите четити места и пласман во плејофот. Но, важно е и кое место ќе бидат на табелата со оглед на тоа што се пренесуваат бодови при разигрувањето за титулата.
Драма имаше во Кавадарци во последните минути. Тиквеш водеше со 24-22, но Димовски и Аларов израмнија на 24-24. На помалку од две минути прво домаќините не реализираа, а гостите направија пробивање. И во последната минута домаќините имаа напад кој не го реализираа, за десетина секунди Пролет не постигна гол.
Домаќините највисокото водство во првото полувреме го имаа во 20 минута кога поведоа со 9-6, по што гостинскиот тренер Алексо Лембанов мораше да побара тајмаут. Неговите совети донесоа плод, па Ласко Андоновски Давор Палевски со два гола нмалаија на 9-8. Имаше шанса Пролет и да израмни, но Јагош Брауновиќ имаше успешна одбрана а Мартин Димовски зголеми на 10-8.
Пролет не се откажа, па нивниот притисок донесе резултат, 10-10 со голот на Јагуриновски. И повторно Тиквеш погодува и зголемува на 12-10 и 13-11. Таа разлика од „плус 2“ остана и на полувремето.
Само што почна второто полувреме Тиквеш брзо се одлепи на 16-13 и долго време ја одржуваше таа разлика на 2-3 гола, се до 48 минута кога Пролет ја врати неизвесноста со израмнувањето, 20-20.
Мартин Димовски со 8 гола беше најефикасен кај Тиквеш, а Никола Стефановиќ постигна 6. Голманот Јанош Брауновиќ го заврши мечот со 10 одбрани.
Кај гостите Ласко Андоновски даде 6 гола, а по петпати погодуваа Михаил Аларов и Давор Палевски.
Во следното коло Пролет е домаќин во градското дерби против Скопје, а Тиквеш гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер.