Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за третото и четвртото коло во Лигата на шампионите.
Тројца Македонци ќе патуваат во Германија и ќе бидат дел од натпреварите на бундес шампионот.
Драган Начевски ќе биде делегат на мечот меѓу Магдебург и ПСЖ што ќе се игра на 28 септември од 20:45 часот.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу Магдебург и Висла Плоцк што е на програмата на 6 октомври од 18:45 часот.