Кружниот напаѓач на Фленсбург, Симон Халд ќе паузира одреден временски период поради повреда.
Искусниот репрезентативец на Данска во дерби дуелот со Фуксе Берлин, кој заврши без победник (31:31), заработил повреда на потколеницата, а лекарскиот тим на Фленсбург утврдил дека Халд треба да паузира најмалку еден месец.
Тоа значи дека ракометарот од Данска ќе ги пропушти натпреварите против Рајн Некар, Магдебург и Лемго во рамки од Бундес лигата, како и натпреварот во Лига на Европа против екипата од Полска, Квиџин.
Халд ја игра последната сезона во тимот на Фленсбург. Од следната сезона заедно со Никлас Ландин од Кил и Томас Арнолдсен од Скандеборг Архус ќе ги засилат редовите на Алборг.