Вчера со натпреварот на Еурофарм Пелистер заврши 2 коло од суперлигашката конкуренција, а утре со натпревар на битолчани ќе стартува 3 коло.
Во Битола ќе игра братски двобој, на кој првиот тим е фаворит за бодовите. Шампионот Вардар гостува кај Прилеп, кој досега нема победа, па се освен триумф на „црвено-црните“ ќе биде сензација.
Дербито се игра во Скопје, каде новиот суперлигаш Алкалоид, кој досега има „два од два“ ќе го пречека аммбициозниот Охрид. Струга, која исто така нема загубено бодови гостува кај фаворитот Бутел, но сигурно дека нема однапред да се предаде.
Пролет ќе бара трет суперлигашки триумф на гостувањето кај Радовиш, додека во Неготино домашниот Вардар и Куманово, ќе војуваат за првите бодови оваа сезона.
Градски двобој ќе има в недела кога Голден Арт ќе го пречека Скопје во натпревар во кој домашните се фаворити, додека Тиквеш ќе му гостува на Јуниор КВ, а тука фаворитската улога им припаѓа на кавадарчани.
Суперлига, 3 коло, распоред на натпревари:
16.сеп, 17:00 Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер
17.сеп, 13:30 Прилеп – Вардар
17.сеп, 18:00 Алкалоид – Охрид
17.сеп, 18:00 Јуниор КВ – Тиквеш
17.сеп, 18:30 Вардар Неготино – Куманово
17.сеп, 19:00 Бутел Скопје – Струга
17.сеп, 19:00 Радовиш – Пролет
18.сеп, 16:30 Голден Арт – Скопје