Кастратовиќ: Ќе дадеме сѐ од себе за да го победиме Алкалоид

Екипата на Охрид во рамки од 3. коло од Супер лигата ќе гостува во Скопје кај дебитантот Алкалоид, кој имаше одличен старт во македонската елита и во претходните две кола триумфираше против Прилеп, односно Куманово.

Охриѓани на гостувањето во Скопје ќе треба да го дадат максимумот, со цел да ги задржат шансите за пласман во плеј-оф фазата.

Еден од новите ракометари во тимот на Охрид, средниот бек Владан Кастратовиќ очекува дека неговата екипа ќе биде поуспешна во дуелот против Алкалоид.

,,Не очекува многу тежок натпревар викендов против Алкалоид. Верувам дека тоа ќе биде возбудлива средба. Екипата на Алкалоид е добар тим, но ние работиме напорно и се подготвуваме за дуелот. Ќе дадеме сѐ од себе и се надеваме дека ќе успееме да запишеме нови три бода”, изјави Кастратовиќ.

Избраниците на Горан Андоновски во првото коло беа поразени од Бутел, додека во второто коло запишаа рутинска победа против Прилеп.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Охрид е закажан за 17 септември со почеток од 17:00 часот.