Спротивно на првичните прогнози, данската ѕвезда Микел Хансен порано ќе дебитира за неговиот нов клуб Алборг.
Тој доби дозвола од докторите за настап и се очекува викендов да биде на теренот на дуел од данскиот шампионат.
Иако требаше да дебитира во втората половина од септември, сепак тоа ќе се случи многу порано и ќе биде подготвен и за стартот на Лигата на шампионите.
„Секако дека сум среќен што сум подготвен за игра порано од очекуваното. Едвај чекам да бидам повторно во акција, и да заиграм пред многубројните навивачи“, вели Хансен за официјалниот сајт на клубот.
Алборг викендов ќе го пречека составот на Нордсјеланд.