Кадетите на Голден Арт се новите освојувачи на трофејот на меморијалниот турнир „Томе и Гоце“ во Богданци.
Избраниците на Филип Глигоров во финалето го совладаа домаќинот Младост Богданци во интересен натпревар со 28-26.
По финалето, беа доделени и индивидуалните награди. За најдобар голман е прогласен чуварот на мрежата на Младост, Благој Панов.
За најдобар стрелец беше прогласен Димитрија Крстев од КЛ7 Алкалоид од Свети Николе, додека најкорисен играч на турнирот е Бојан Гилев од Голден Арт.