Екипата на Ѓорче Петров во периодот од 26 до 28 август ќе го организира меѓународниот турнир “Ѓорче Куп 2022”, откако во минатата година го организираше првото издание, кое ги оправда очекувањата и го зголеми интересот за женскиот ракомет во Македонија.
На второто издание на турнирот ќе учествуваат три екипи од Македонија и три екипи од странство. Од Македонија учесници ќе бидат домаќинот Ѓорче Петров, Вардар и Овче Поле Славјански Универзитет. Српските суперлигаши Бор и Бекамент, како и Борац од Бања Лука ќе бидат странските учесници.
Екипите ќе бидат поделени во две групи и секој тим на почетокот ќе одигра по два натпревари. Првопласираните екипи од првата и втората група ќе го одиграат финалето на турнирот закажано за 28 август.
Во групата А ќе играат екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Бор, додека екипите на Овче Поле Славјански Универзитет, Борац Бања Лука и Бекамент ќе ја сочинуваат групата Б. Организаторот на турнирот ги одреди и саатниците на сите натпревари, кои ќе се играат на отвореното игралиште покрај “Камин Кама”.
„Ѓорче Куп“, распоред на натпревари:
26.08 (петок)
18:00 часот, Ѓорче Петров – Вардар
20:00 часот, Бекамент – Борац
27.08 (сабота)
10:00 часот, Овче Поле СУ – Борац
12:00 часот, Бор – Вардар
18:00 часот, Овче Поле СУ – Бекамент
20:00 часот, Ѓорче Петров – Бор
28.08 (недела)
10:00 часот, натпревар за петто место
18:00 часот, натпревар за трето место
20:00 часот, финале
На ланското издание на турнирот титулата ја освои Ѓорче Петров со победата над Вардар од 28:23.