Денеска ќе биде комплетирано првото коло од главната рунда на Светското првенство за кадетки во Македонија.
Покрај нашите ракометарки, Македонија ја претставува и судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Тие го добија третото делегирање на Мундијалот и ќе го судат дербито на денот меѓу Норвешка и Франција.
Натпреварот се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот, а делегат на овој дуел ќе биде Драган Начевски, кој ќе биде меѓу официјалните лица и на средбата Унгарија – Бразил на истото место од 20:30 часот.