Еден од повратниците во Суперлигата, Јуниор КВ, вчера означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Клубот минатата сезона во прволигашкото друштво заврши веднаш зад Алкалоид и Голден Арт, односно на третата позиција и обезбеди камбек во македонската елита.
Екипата во новата сезона ќе биде предводена од старо-новиот тренер, Игор Котевски, кој по краткиот ангажман во Металург, одлучи повторно да го предводи тимот од Кисела Вода.
Котевски на првата прозивка им ги претстави плановите на своите избраници за новата сезона, во која главна цел на клубот ќе биде опстанок во македонската елита.
Јуниор КВ во Суперлигата ќе игра во група Б. Ривали на избраниците на Котевски ќе бидат екипите на Тиквеш, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Пролет, Скопје, Радовиш и Еурофарм Пелистер 2.