Прволигашот со суперлигашки амбиции, Македонија Ѓорче Петров, продолжува со формирањето на играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.
Капитенот Александар Ѓорѓевски продолжува со матичниот клуб и наредната сезона, додека камбек прави и искусниот пивот Антонио Апостоловски, кој своевремено беше дел од Пролет и Бутел Скопје.
Претходно раководството на клубот го ангажираше тренерот Оливер Димитриоски, а ги договори и искусните Мартин Димовски и Филип Ролевски, кои се вратија во матичниот клуб.
Договорите беа продолжени со Боби Неделковски, Дарко Јаневски, Мартин Велковски и Јованче Јаневски, кои и минатата сезона беа дел од Македонија Ѓорче Петров.
Македонија Ѓорче Петров во новата сезона ќе биде дел од групата А заедно со Работнички, Мулти Есенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Јехона, Шампион, Овче Поле и Младост Богданци.