Со состанок и прв тренинг во салата „Билјанини извори“ тимот на Охрид ги започна подготовките за претстојната сезона во суперлигашкото друштво.
Старо-новиот тренер Горан Андоновски на првиот тренинг на располагање имаше 19 ракометари, вклучително и сите домашни и странски засилувања.
Нови засилувања се голманите Василевски и Цинцадзе, крилата Рустамов и Чејовиќ, пикерот Бојаниќ, како и бековите Ончев, Андоновски, Бошкоски, Кастратовиќ и Грубиќ.
Во стручниот штаб на Андоновски се Наум Бабачев, Александра Џамтоска, Зорче Георгиески и Марјан Мурџоски.
Популарните „гладијатори“ првите десет дена од подготовките ќе ги минат во Охрид, по што продолжуваат на Маврово.
Предвидени се контролни средби за воигрување на екипата, а генерален тест ќе биде меморијалниот турнир Крсте Андоновски – Усташ што ќе се игра на крајот од август.