Македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја има втората задача на Мундијалот во Македонија.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Германија и Јужна Кореја, што ќе го одлучи победникот на групата во која се уште Швајцарија и Словачка.
Натпреварот меѓу Германија и Јужна Кореја се игра денеска со почеток во 16:10 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на натпреварот меѓу Словачка и Швајцарија што се игра од 18:20 часот.