Од сабота па до 10 август, Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на најдобрите млади ракометарки од светот.
На Светското кадетско првенство, кое ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, меѓу присутните ќе биде екс ракометарката на Кометал ЃП, Нарциса Лекушану.
Поранешната репрезентативка на Романија моментално е член на Извршниот Комитет на Меѓународната ракометна федерација и во Скопје ќе биде присутна како делегат од ИХФ.
Лекушану остави свој белег во историјата на Кометал Ѓорче Петров, а секогаш со задоволство се сеќава на сето она што се случуваше додека беше дел од тимот кој доминираше со години во македонскиот ракомет.