Во Индија се одржува азиското клупско првенство на кое учествуваат осум екипи поделени во две групи.
Многу од ракометарите што настапуваат во европските клубови, заминаа на позајмици или потпишаа краткорочни договори, а меѓу нив се и четворица поранешни членови на Вардар.
Голманот Али Сафар е дел од екипата на Ал Кувајт од Кувајт, додека француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас, како и Бакари Диало, настапуваат за Ал Наџма од Бахреин.
Најблиску до борба за титулата се Ал Наџма и Ал Араби, каде до скоро настапуваше Вуко Борозан.