Ракометарите на Веспрем, кои имаат сезона за заборав, бидејќи не ја освоија шампионската титула во Унгарија, а не освоија ни медал на Ф4 турнирот во Келн, добија пофални зборови од спортскиот директор на клубот, Ласло Наѓ.
Прославениот ракометар, кој сега ја извршува директорската функција во унгарскиот вицешампион, истакна дека е задоволен од прикажаната игра на избраниците на Момир Илиќ.
,,Ако погледнам како тимот ги помина последните десет месеци и каква пролетна сезона имаше, можам да кажам дека сум задоволен со оствареното. Ние сме на почетокот на еден проект, но ќе биде потребно време за да се реализира работата, а за тоа и ќе биде потребно и трпение “, изјави Ласло Наѓ за унгарската телевизија „М1“.
Веспрем единствениот пехар во оваа сезона го освои во Купот на Унгарија, откако успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона, но поразот од ПИК Сегед имаше големо влијание во играта на Веспрем на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.