Браќата Оливие и Кевин Њокас, кои една сезона го носеа дресот на македонскиот шамион Вардар, во следниот период ќе бидат дел од шампионот на Бахреин, Ал Наџма.
Тие беа промовирани како засилувања за овој клуб уште пред неколку дена, а договорот е краткорочен и се однесува само за натпреварите од Азиското клупско првенство што ќе се игра од 22 до 30 јуни во Хидерабад, Индија. Тимот што ќе го освои Азиското клупско првенство обезбедува место на Супер Глоуб.
Претходно ќе бидат дел и од натпреварите на Заливскиот Куп, каде покрај Ал Наџма ќе играат уште шест екипи.
По заминување од Вардар, левиот бек Оливие Њокас според грчките медиуми се поврзува со шампионот Олимпијакос, додека Кевин Њокас би можел да ја заврши кариерата.