Барселона потврди дека во наредниот период ќе биде без услугите на Лудовик Фабрегас.
Французинот беше успешно опериран од воспаление на слепото црево ќе го пропушти најважниот и одлчувачки дел од сезоната за тимот предводен од Карлос Ортега.
Сезонава Фабрегас одигра 20 натпревари во првенството и 13 во Лигата на шампионите (сите можни) во двете натпреварувања постигна 97 гола.
Отсуството на Фабрегас сигурно ќе му зададе главоболка на тренерот Ортега кој ќе мора да пронајде начин да го надополни отсуството на одличниот Французин.