Директорот на Брест, Андреј Жбанок не ја отфрла можност Никита Вајлупов да продолжи да го тренира жеснкиот тим на Мешков Брест во наредната сезона, оваа информација тој ја потврди во изјава рускиот „Брз Центар“.
Вајлупов кој го носеше дресот на Мешков Брест шансата да го води женскиот тим на Брест ја доби после елиминацијата во Лигата на шампионите, а иако има потпишано договор да се пресели во Веспрем наредната сезона, би можел да остане и тренер во Брест.
„Не можам да ја исклучам можноста наш тренер во наредната сезона да остане Вајлупов“, кратко потврди Жбанок.
Интересно е тоа што во женскиот клуб од Брест настапува неговата девојка, Ана Бардијан, која професионално се занимава со ракомет.