Машката репрезентација на Македонија вечерва oд 19:00 часот го игра реванш натпреварот од бараж двомечот против Чешка за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска во 2023 година, по ремито во Злин, 24-24.
Македонија до натпреварот во средата, имаше четири порази и едно реми на гостувањата во Чешка и можеше да ја прекине традицијата, но не успеа и стигна само до реми.
Ако и веруваме на традицијата на меѓусебните дуели и гостувањата на ривалот во нашата земја, тогаш Чешка сигурно паѓа вечерва во Скопје, а Македонија ќе игра на Мундијалот следната година.
Чешка досега гостувала пет пати во Скопје, во квалификациски и бараж средби, а само еднаш останала непоразена, далечната 1995 година.
Меѓусебни натпревари на Чешка и Македонија:
27.09.1995, Чешка – Македонија 33-16, квалификации за ЕП 1996
30.09.1995, Македонија – Чешка 27-27, квалификации за ЕП 1996
04.06.1998, Чешка – Македонија 38-18, ЕП 1998
18.01.2006, Македонија – Чешка 36-31, квалификации за СП 2007
27.01.2006, Чешка – Македонија 43-25, квалификации за СП 2007
19.01.2012, Чешка – Македонија 21-27, ЕП 2012
14.01.2014, Македонија – Чешка 24-24, ЕП 2014
02.11.2014, Чешка – Македонија 27-27, квалификации за ЕП 2016
14.06.2015, Македонија – Чешка 32-28, квалификации за ЕП 2016
11.06.2016, Чешка – Македонија 28-22, квалификации за СП 2017
15.06.2016, Македонија – Чешка 34-27, квалификации за СП 2017
05.11.2016, Чешка – Македонија 35-28, квалификации за ЕП 2018
18.06.2017, Македонија – Чешка 33-20, квалификации за ЕП 2018
24.01.2018, Македонија – Чешка 24-25, ЕП 2018
12.01.2020, Чешка – Македонија 27-25, ЕП 2020
13.04.2022, Чешка – Македонија 24-24, квалификации за СП 2023
17.04.2022, Македонија – Чешка ???, квалификации за СП 2023