Еурофарм Пелистер загуби по вторпат од Нексе Нашице со 21-22 и беше елиминиран од Лигата на Европа.
Асистент тренерот на битолскиот тим, Божидар Мојсов вели дека тимот не беше подготвен за ваков тежок натпревар бидејќи играчите биле исцрпени.
„Честитки за Нексе и им посакувам место на Ф4. Ние може да жалиме за нашите пропуштени шанси, одигравме тежок натпревар. Пет натпревари во девет дена е тешко да се одиграат, не успеавме максимално да се подготвиме, играчите се уморни. Што е тука е, беа подобри од нас, одиграа поцврсто во одбраната и ние тука ја испуштивме нашата шанса. Заслуживме барем победа и ние и навивачите, но нема време за тагување, мора да се концентрираме да ја донесеме титулата во Битола. Благодарност до целата публика што не бодреше“, вели Мојсов.
За битолчани до крајот на сезоната остануваат само предизвиците во Суперлигата и во Купот на Македонија.