Лидерот во плеј-офот од првата лига, тимот на Алкалоид ја оправда фаворитската улога и забележа висока победа против претпоследниот тим на табелата, Јехона со 48:22
Фаворизираниот домаќин уште од самиот старт најави во каква насока ќе оди денешнот натпревар и не дозволи ниту на момент гостите да се надеваат на нешто од оваа средба. Започнаа со серија од 4:0, Јехона првиот гол го постигна после пет минути игра, а во продолжение со неколку серии од кои најдолгата беше 7:0 само ја зголемуваа предноста.
До полувремето Алакалоид постигна 26 гола, а гостите нивната мрежа ја погодуваа само девет пати. Со оглед на тоа дека победникот беше решен уште во првото полувреме преостануваше само да биде познато со каков резултат ќе заврши натпреварот. На крајот Алкалоид запиша победа со 26 голови разлика.
Во редовите на победичкиот состав немаше некој кој посебно се истакна сите ракометари освен голманите постигнаа голови. Најефикасни со по шест гола беа Александар Стојков, Михаил Иваноски и Кофиловски Дарио. Во редовите на Јехона шест гола постигна Стефан Бошковски.