Со последните натпревари од мартовската ЕХФ недела, веќе се познати сите парови во вториот (последен) бараж за пласман на Светското првенство 2023.
Најголем добитник после првиот круг бараж дуели е селекцијата на Белгија. Белгијците ја елиминираа Словачка во овој прв двомеч, а вториот нема да го играат и тие се веќе пласирани на Мундијалот. На Белгијците им одеше во прилог тоа што Русија која требаше да биде нивни противник во вториот бараж е исфрлена од натпреварувањата. Освен Русија, и Белорусија со одлука на ЕХФ и ИХФ е исклучена од понатамошни натпреварувања.
Финска директно се пласираше во вториот бараж затоа што требаше да игра со Украина, меѓутоа во тој втор бараж на Финците им треба сензација против Хрватска. Во втор бараж директно поминаа и Фарски Острови кои требаше да се сретнат со Белорусија, а во натпреварот за пласман на Мундијалот ги чека Германија.
Македонија како што е познато по победата во двомечот со Романија ја чека Чешка. Првиот меч меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април во 20:15 часот, а реваншот во Скопје на 16 или 17 април.
СИТЕ ПАРОВИ ЗА ВТОРИОТ БАРАЖ
Чешка – Македонија
Германија – Ф.Острови
Финска – Хрватска
Исланд – Австрија
Израел – Унгарија
Грција – Црна Гора
Португалија – Холандија
Словенија – Србија
Белгија – пласирана на СП поради дисквалификација на Русија